Драги пациенти,

Здравјето е најважно, а редовните прегледи и анализи ќе ви овозможат навремено откривање на здравствените проблеми. Ние сме тука за тоа, како и за превенцијата, дијагностиката и лекувањето. Нашата ординација по општа и семејна медицина има склучено договор со Фондот за здравствено осигурување на Македонија и прегледите се бесплатни за матични пациенти, со претходно закажување на термин кое како можност ви стои на располагање на нашата веб страна или преку телефонски контакт.

Чекори за избор на матичен доктор?
  1. Лицето кое сака да направи избор треба да има активно осигурување. Потребно е да приложи личен матичен број (ЕМБГ), контакт телефон и е-маил адреса.

За консултација или преглед, потребно е само да договорите термин со нас преку нашата веб-страница или со телефонско закажување.

Како последен чекор, треба да го пополните прашалникот за превентивна здравствена проценка. 

Откако ќе ги завршите сите горе наведени чекори, очекувајте повик од нашиот тим.

[metform form_id="2901"]
[metform form_id="5749"]