Ментално здравје

Нашата здравствена установа има посебен пристап кон менталното здравје и кај возрасните и кај децата. Рана идентификација и раната интервенција се клучни за напредокот на децата со спектар на аутистични растроства. Примарната здравствена заштита обезбедува промоција на позитивно родителство и скрининг на негативни искуства од детството. Негативни искуства во детството е поим кој опфаќа трауматски доживувања од детството како што се злоупотреба, запоставување или растење во дисфункционално семејство. Истражувањата во последните години потврдуваат дека траумите од детството и хроничниот стрес влијаат врз ризични избори во животот како што се склоност кон зависности и криминал, здравствени проблеми и нарушена ментална благосостојба.