
За време на пандемијата предизвикана од коронавирусот, за жал, ретки се тие кои не се сретнале со поимот Д-димери. Многумина досега имаат направено и испитувања за оваа вредност во крвта. Ние, ќе се обидеме најкратко да ви објасниме околу покачените вредности на Д-димерите.
Важно е да знаете дека: Д-димерите покажуваат вредности поврзани со разградување на тромб во организмот. Затоа се препорачува да се одреди вредноста на Д-димерите во крвта кога пациентот укажува на симптоми како болки во нозете или осетливост, отекување на нозете, едем, промена на бојата на ногата. Или, пак, при симптоми на белодробна емболија како што се: ненадејно отежнато дишење, кашлање и болка во градите поврзана со белите дробови.
Резултати: Ако Д-димерите се високи, тоа укажува дека има нарушување кај коагулацијата на крвта, односно склоност кон создавање на тромбови. Нормалниот опсег за Д-димер е помал од 0,5mg/ml. Негативен резултат на тест со Д-димери значи дека многу веројатно нема да се формира тромб.
Терапија: За да се намали ризикот од појавување на тромбови, но и вредноста на Д-димерите, треба да се зема терапија. Важна препорака е никој од пациентите да не зема терапија на своја рака без консултација на лекар, бидејќи терапијата мора да е строго контролирана.