preloader

Пон-пет (7:30 - 19:30)

Викенд - итни случаи

Бледски Договор 2

(Поликлиника Букурешт)

Edit

За нас

Д-р Марија Михајлова е специјалист по семејна медицина, која повеќе од 20 години работи во примарното здравство. Како матичен лекар, ординацијата на д-р Михајлова овозможува здравствени услуги од примарна заштита и го следи здравјето на секој матичен пациент. 

Контакт информации

Реакција од Лекарската комора за навредите кон докторите: Доколку продолжат, следуваат пријави до институциите

 Реакција од Лекарската комора за навредите кон докторите: Доколку продолжат, следуваат пријави до институциите

Докторите од сите нивоа на здравствениот систем во изминатите година и половина активно, одговорно и пожртвувано се борат за зачувување на животите на илјадници пациенти кои директно се засегнати од пандемијата. Во таа борба лекарите го доведуваат во опасност својот живот, животот на блиските, а дел од нив и платија со сопствениот живот. Во часовите поминати со пациентите заболени од ковид, облечени во заштитна опрема, борејќи се со многу неизвесни и непредвидливи ситуации лекарите акумулираа стрес и трауми кои исто така стануваат дел од нивниот живот.

Во пандемиски услови докторите не се семоќни, а за да може да се даде најдобар одговор и да се зачуваат човечките животи треба секоја единка и целото општество заедно да работи на истата цел. Од самиот почеток на пандемијата, за жал, одредени структури водени од нејасни цели го негираат постоењето на вирусот и потребата од примена за заштитни мерки, како носење на заштитни маски и одржување на дистанца, со што директно влијаат на зголемениот број на заболени.

Со интензивирање на процесот на вакцинација се пристапи и кон сатанизирање на вакцините, ширење лажни и неточни информации поврзани со нивното дејство со што повторно се нанесува непоправлива штета која се плаќа со човечки животи. Сега се оди чекор понатаму и се напаѓаат докторите директно.Со цел заштита на честа и угледот на лекарската професија, како и нејзиниот несебичен и пожртвуван придонес во справување со пандемијата, Лекарската комора најостро го осудува говорот на омраза кон лекарите кој го шират одредени структури, бара итно да престане и предупредува дека тоа е кривично дело за кое во Кривичниот законик се предвидени и затворски казни.

Исто така, истакнуваме дека доколку активностите продолжат ќе бидат поднесени соодветни пријави до надлежните институции.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Сите права се задржани, 2021

д-р Марија Михајлова - Семед