
Во пресрет на вакцинацијата која се најавува за заштита од Ковид-19, а со оглед на повиците кои ги добиваме за закажување на термин, Ве известуваме дека досега на матичните не им е овозможена таква опција. Здравствените власти го претставија планот за вакцинација, но немаме добиено официјални информации за начинот на пријавување и периодот за објавување на термините.
Со оглед на ова, а по пристигнување на информациите, како и секогаш, тимот на д-р Марија Михајлова ќе ги извести матичните пациенти и заедно ќе ја запазиме процедурата за вакцинација. Ние ќе се потрудиме секој еден од нашите пациенти да биде заштитен од вирусот.
За секакви прашања, ви стоиме на располагање преку контакт формата на нашата веб-страница.