
Лични информации | |
---|---|
Име и презиме | Маја Анастасова |
Титула | Медицинска сестра |
Искуство | 14+ години |
Едукација | |
Образование | Медицинско училиште „Никола Штејн“ |
Град | Тетово |
Биографија
Маја Атанасова е дел од тимот на д-р Марија Михајлова од самото основање на ординацијата. Досега, има искуство како медицинска сестра од над 14 години. Работела во повеќе приватни здравствени установи, одноносно општи амбуланти, амбуланти по семејна медицина, ординации по гинекологија и акушерство. Своето работно искуство го започнала на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби.
Пациентите ја препознаваат Маја по нејзината ведрина, комуникативност, секогаш спремна за работа. Досега, таа има услужено илјадници лица, на кои им има пружено здравствена заштита и грижа. За нас, според критиките на пациентите, таа е најдобрата медицинска сестра.
Високата стручност и професионалност, достапноста, посветеноста и грижата за своите пациенти е мојот впечаток досега за д-р Марија. Со целосна доверба, благодарен сум што е мој матичен лекар, како и на моето семејство.

Ја избрав доктор Марија по препорака на добар пријател. Дефинитивно не погрешив во изборот бидејќи станува збор за посветен тим со кој можам да комуницирам 24/7. Елоквентноста и блискиот однос сметам дека се најважните критериуми според кои треба да го одберете својот матичен лекар. Благодарам што се грижите за моето здравје.
