preloader

Пон-пет (7:30 - 19:30)

Викенд - итни случаи

Бледски Договор 2

(Поликлиника Букурешт)

Edit

За нас

Д-р Марија Михајлова е специјалист по семејна медицина, која повеќе од 20 години работи во примарното здравство. Како матичен лекар, ординацијата на д-р Михајлова овозможува здравствени услуги од примарна заштита и го следи здравјето на секој матичен пациент. 

Контакт информации

Британскиот сој го зголемува бројот на заболени од Ковид-19

 Британскиот сој го зголемува бројот на заболени од Ковид-19

Расте бројот на новозаразени и на активни случаи со Ковид-19, се повеќе со британскиот сој кој побрзо се пренесува и се шири. Во земјава се уште не е детектирано присуство на јужноафриканскиот сој на вирусот. Кај едно од двете лица кои се вратија од Занзибар со ковид симптоми потврден е британскиот сој, а за вториот резултатите ќе бидат познати денеска.

Двајцата пациенти се хоспитализирани веднаш откако ги добиле првите симптоми на вирусот.

Комисијата за заразни болести предложи задолжителен домашен карантин од 14 дена за лица кои доаѓаат од сите африкански земји.

Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести не ја исклучуваат можноста да се донесат препораки за нови мерки со цел спречување понатамошно ширење на Ковид-19.

За да се спречи ширењето на COVID-19:

Често мијте ги рацете. Користете сапун и вода или средство за чистење раце базирано на алкохол.

Одржувајте безбедно растојание од секој што кашла или кива.

Носете маска ако физичкото дистанцирање не е можно.

Не допирајте ги очите, носот или устата. Кога кашлате или кивате, покријте ги носот и устата со свиткан лакт или со марамче. Останете дома ако не се чувствувате добро.

Ако имате треска, кашлица или тешкотии со дишењето, побарајте медицинска помош.

Најавувањето пред да го посетите вашиот давател на здравствени услуги овозможува брзо да бидете пренасочени во соодветната здравствена установа.

Така може да се заштитите и се спречува ширењето на вируси и други инфекции.МаскиМаските може да помогнат да се спречи пренесувањето на вирусот од лицето што ја носи маската до другите лица во околината.

Маските сами по себе не штитат од COVID-19 и треба да се комбинираат со физичко дистанцирање и хигиена на рацете.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Сите права се задржани, 2021

д-р Марија Михајлова - Семед