
Поради коронавирусот и ситуацијата во која живееме веќе една година, а по пристигнувањето на вакцината, се повеќе се говори за тоа каква ќе биде нашата лична одлука поврзана со вакцинацијата. Секој размислува различно, некој прифаќа, а некој не сака да се вакцинира. Препораката од здравствените власти, докторите, медицинскиот кадар е секој поединец да прими вакцина за да обезбеди заштита за себе од вирусот кој одзеде милиони животи.
Тимот на д-р Марија Михајлова објави анкета за нашите пациенти, за да го чуеме вашето мислење поврзано со вакцинацијата. Анкетата не е обврзувачка за одговарање и е од информативен карактер.
[metform form_id=”5749″]